Изјава за заштита на податоците

Оваа изјава за заштита на податоците се однесува само на веб-страницата „www.newyorker.de“. Таа не важи за веб-страниците со коишто таа е поврзана. Доколку нашата интернет страница содржи линкови со други страници или даватели на содржина, тие како такви се наведени во текстот. Ве молиме, прочитајте ги посебните информации во врска со заштитата на податоците на поврзаните веб-страници, а кои се однесуваат на прибирање, обработка и користење на личните податоци.

New Yorker [Импресум] прибира и користи лични податоци исклучително во склад со важечкиот закон за заштита на податоците. Лични податоци се информациите за Вашиот идентитет, на пр. вашето име, поштенската адреса, и-меил адресата, бројот на мобилниот и датумот на раѓање. Овие податоци се зачувуваат само ако вие сте ни ги испратиле. Секогаш кога тоа е можно, Ви овозможуваме посета на нашата веб-страница без да прибираме лични податоци. Со овие одредби за заштита на податоците, New Yorker сака да објасни кои податоци ги прибира, обработува и користи. Исто така, сакаме да напоменеме дека повремено ги приспособуваме нашите прописи за заштита на податоците кон нашите услуги и стандарди, а во склад со промените во соодветните закони. Затоа Ве молиме, на нашата веб-страница редовно да се информирате за овие промени.


1. Прибирање и зачувување на податоците

1.1 Информација за заштита на податоците
Ви посакуваме добредојде на нашата веб-страница и се радуваме на Вашиот интерес за нашата компанија. За да ви овозможиме да се чувствувате пријатно во врска со третманот на Вашите лични податоци, ќе Ви објасниме што се случува со зачуваните податоци и со мерките за безбедност што ги преземаме од наша страна. Освен тоа, ќе бидете информирани и за законските права поврзани со обработката на овие податоци.

1.2 Лични податоци
При посетата на нашата веб-страница, обично не бараме никакви лични податоци од Вас. Предвид ги земаме само информациите во врска со Вашето интернет провајдер и веб-страниците кои кои ги повикувате кај нас. Но, како корисницина интернет Вие останувате анонимни, бидејќи овие информации ги анализираме само за статистички цели (на пр. број на повикувања за поединечни веб-страници).

Личните податоци се прибираат само тогаш кога Вие сами ни ги овозможувате, како на пр. при некоја нарачка или некоја наградна игра.
Во моментов, податоците се пренесуваат како чист текст, така што не е исклучена можноста и неовластени трети лица да ги читаат податоците за време на нивниот пренос. Меѓутоа, постои можност за користење на алтернативни средства за комуникација (на пр. писмо или факс), кои нудат поголема сигурност од енкриптиран меил.
Доколку сакате да коистите одредени персонализирани услуги, ќе го побараме Вашето име, корисничкото име и евентуално дополнителни лични информации. Останува на Ваш слободен избор дали ќе ги наведете овие податоци. Се разбира, во овие случаи, без овие информации не можеме да Ви ја ставиме на располагање саканата услуга.
Во информациите што ги нуди New Yorker може да биде употребени JavaScript, Cookies или JAVA-Applets. 
Употребата на овие функции може да се исклучи со подесување на прогамата на прелистувачот од страна на  самиот корисник. Натамошни информации во врска со ова ќе најдете под точката


Под одредени околности, податоцит што сте ги навеле Вие, ние ќе ги надополниме со податоци од други извори. Таквите дополнителни информации ќе ни помогнат да ја процениме и да ја подобриме нашата веб-понуда и услугите. Истовремено, можеме да ги одредиме желбите на нашите корисници и на тој начин нашата веб-страница и нашите услуги да ги прилагодиме кон Вашите специфични потреби.

1.3 Колачиња
Нашите интернет страници на повеќе места користат т.н. колачиња. Тие служат за да ја направиме нашата понуда позгодна за корисниците, поефикасна и побезбедна. Колачиња се мали текстуални фајлови кои остануваат во Вашиот компјутер и коишто ги меморизира Вашиот прелистувач (локално на Вашиот хард диск).
Со помош на колачињата се прави анализа за тоа како корисниците ги користат нашите веб-страници. Така можеме да ги обликуваме содржините на веб-страницата соодветно на потребите на посетителите. Освен тоа, со колачињата имаме можност да ја мериме ефикасноста и поставеноста на одредена реклама, на пр. во зависност од тематските интереси на корисниците.
Повеќето од колачињата што ги користиме се т.н. „сесиски колачиња“. После Вашата посета, тие автоматски се бришат.
Повеќето веб-прелистувачи автоматски прифаќаат колачиња. Поставките на Вашиот пребарувач поправило можете да ги смените ако не сакате да ги испратите информациите. Понудите од нашата веб-страница можете сепак да ги користите (исклучок: конфигуратори).


2. Користење на податоците

2.1 Општо
Во некои случаи, ние ќе ги прибираме Вашите лични податоци доколку Вие доброволно ни ги дадете, на пр.
•   заради примање и обработка на Вашите нарачки,
•   заради учество во наградни игри, 

•   ако стапувате во контакт со нас преку општ формулар,
•   доколку сакате да се претплатите или да ја откажете претплатата на некое циркуларно писмо, 

2.2 Употребување на личните податоци
Личните информации коишто вие активно сте ги внеле, ќе се користат за намената за која сте ги предвиделе овие податоци. New Yorker ги користи Вашите лични податоци првенствено за да Ви даде одговор на распрашувањата и да ги обработи Вашите нарачки, т.е. за обработка на нарачки, за испорака на стока или за учество во наградни игри. Кога се пријавувате за некое циркуларно писмо, со Ваша согласностќе биде употребена и-меил адресата за наши сопствени рекламни цели, сè додека не се одјавите од циркуларното писмо. Одјавата е можна во секое време.

Имате право на жалба во поглед на ова користење на податоците. Сè друго во врска со правото на приговор можете да прочитате под точка 7 во оваа изјава за заштита на податоците.

Имајте на ум дека ваквите информации кои  можат да се добијат од Вас не само преку онлајн-пренос, New Yorker може да ги користи за наши рекламни цели, испитување на пазарот и анкети, или пак, за нашите партнерски компании. Вие имате право на приговор против употребата на Вашите податоци. Ве молиме тоа да ни го соопштите во писмена форма или да ни испратите и-меил на меилот: info-datenschutz@newyorker.de. По приемот на Вашиот приговор, Вашата адреса ќе ја вклучиме во датотека за исклучување од рекламирање. На тој начин ќе спречиме да Ви бидат испраќани непожелни информации, дури и ако користиме адреси од јавно достапни извори. Исто така можете делумно да приговорите на користењето на Вашите податоци за рекламни цели, испитување на пазарот и за анкети.

Ве молиме, имајте на ум дека користењето на следните услуги е можно само кога за соодветната услуга ги прибереме и користиме податоците што се наведени таму. Користењето на вашите податоци за соодветната услуга можете да го прекинете така што ќе ни го соопштите тоа. Доколку не сакате само една употреба на Вашите податоци  за рекламни цели, испитување на пазарот или анкети, можете во секое време тоа да ни го соопштите во писмена форма или преку и-меил (info-datenschutz@newyorker.de). Потоа ние во иднина повеќе нема да ги користиме Вашите податоци за тие цели.

2.3 Кориснички профили / согласност
Не се креираат кориснички профили. Доколку во иднина имаме намера да креираме кориснички профили, ние правовремено ќе Ве известиме за нашата намера кога ќе ја повикате нашата веб-страница, за да имате можност да дадете приговор. Тогаш секако ќе ја земеме предвид Вашата желба и нема да креираме таков профил за Вас.

Ќе прибираме, ќе обработуваме или ќе користиме податоци заради консалтинг, маркетиншки цели и испитување на пазарот доколку Вие претходно ни дадете дозвола за тоа. Се разбира, еднаш дадената согласност можете да ја повлечете во секое време.

2.4 Одредби за заштита на податоците на VIP-сервисот
VIP-сервисот нуди широка палета на дополнителни можности. Но, за да можеме да Ви ја обезбедиме оваа услуга, потребни ни се одредени лични податоци. Во продолжение следи преглед на понудени услуги и потребни податоци:

Роденденска честитка
Ако се пријавите за оваа услуга, за роденден ќе Ви испратиме честитка по електронска пошта, заедно со купон којшто можете да го искористите во било кое од нашите продажни места. Напоменуваме дека овој купон не е пренослив и дека е наменет за Вас лично. Затоа ни е потребно Вашето име, адреса, датумот на раѓање и Вашата и-меил адреса.

Пријавување однапред
Ако не сакате да се пријавувате за секое од нашите натпреварувања и/или наградни игри посебно, можете да се пријавите однапред. Сè што треба да сторите е да се пријавите со Вашето корисничко име и лозинка, и сите податоци коишто ни требаат за Вашето учество во натпреварот или наградната игра, автоматски ќе се појават на соодветниот формулар.

2.5 Награди игри
За да Ви овозможиме учество во натреварувањата и/или наградните игри што ги организираме ние или нашите промоциски партнери, потребни ни се барем следните податоци:

име, презиме; адреса; и-меил адреса; телефонски број; број од мобилниот; датум на раѓање.

Вашата адреса ни е потребна за да Ве известиме ако сте освоиле награда. Датумот на раѓање ни е потребен за да видиме дали сте имале 18 или повеќе години кога сте се пријавиле за натпреварувањето или наградната игра. Ве молиме имајте на ум дека можете да се пријавите без исполнување на одредени барања само под овој услов.

Дури и ако учествувате во некои од нашите натпреварувања или наградни игри, New Yorker го задржува правото Вашите податоци да им ги достави на своите партнери со кои соработува на промоциите на производите или на самите производи, испитувањето на пазарот или анкетирањето, а во склад со одредбите од законот за заштита на пазарната кокнуренција. Сите претпријатија коишто учествуваат во организирањето на натпреварувањата или наградните игри на New Yorker или чии производи се рекламираат преку тие наградни игри, или чијшто производ се доделува како награда во наградните игри, се сметаат за партнери на New Yorker.

2.6 Oнлајн пријава за работа
За да можете брзо и едноставно да се пријавите на отворениот конкурс за работа, Ви нудиме можност за пополнување на онлајн формулар. За да можеме да ја обработиме Вашата пријава, бараме одредени информации. Вашите податоци ќе ги користиме исклучително за обработка на вашата пријава. Информациите ќе ги избришеме штом Вашите податоци повеќе нема да бидат потребни, на пр. ако избереме некој друг кандидат за работното место за кое сте се пријавиле.

Ако се согласувате, Вашата пријава ќе им ја проследиме на други членки на нашата групација, во склад со нивните интереси. Ако се согласите, Вашите податоци ќе ги вклучиме во базата на податоци за лица коишто поднеле молба за работа, а со која се служиме во случај на отворени работни места. Се разбира, еднаш дадената согласност можете во секое време да ја повлечете.

2.7 Ваше мислење
Во оваа рубрика можете да ги наведете забелешките или коментарите кои се однесуваат на нас, односно на нашите производи и услуги. Рубриката „Ваше мислење“ можете да ја употребите и за да ни свртите внимание на некои други проблеми. За да можеме да Ви одговориме, треба да го внесете Вашето име и и-меил адресата.

Ги анализираме проблемите и предлозите на кои ни е свртено внимание во рубриката „Ваше мислење“, со цел постојано да ги подобруваме нашите услуги.

2.8 Користење на приклучни единици за Facebook
На нашите веб-страници користиме приклучни единици за поврзување на социјалната мрежа Facebook.com на компанијата Facebook Inc., 1601 S. California Ave. Palo Alto, CA 94304, USA („Facebook“). Приклучните единици се идентификуваат по логото на Facebook, или е тоа бела буква „F“ на сина позадина или знакчето „Палецот горе“, со додавката „Facebook Social Plugin“.
Ако отворите некоја од нашите интернет страници на која е инсталирана некоја од овие приклучни единици, ќе се поврзете на Facebook серверите, а Вашиот прегледник ќе ја активира приклучната единица. На тој начин, Facebook серверите ќе знаат која од нашите страници ја гледате. Содржината на приклучната единица директно се пренесува од Facebook на Вашиот пребарувач, а тој, пак, се поврзува со интенет страницата. Ние немаме контрола врз обемот и содржината на податоците што ги прибира  Facebook преку овие приклучни единици, и затоа можеме само да ти го проследиме она што го знаеме во моментов:
Со поврзувањето на приклучните единици,  Facebook е информиран дека Вие сте ја повикале соодветната страница на нашиот интернет настап. Ако сте член на Facebook и ако сте се пријавиле, таа информација ќе биде доделена на Вашиот личен Facebook кориснички акаунт. Ако се служите со било која приклучна функција (на пр. со копчето „лајк“, нешто коментирате и слично), таа информација исто така ќе биде доделена кон Вашиот Facebook акаунт. Тоа можете да го избегнете само ако се одјавите (одлогирате) пред да ја користите приклучната единица. Дури и да не сте член на  Facebook, постои можност Facebook да ја запомни Вашата IP-адреса.

Повеќе информации за тоа на кој начин Facebook ги собира и користи информациите, како и за правата и можностите за заштита на приватноста, можете да најдете во Условите за услуги на страниците наwww.facebook.com/policy.php. Ако нејќете Facebook да собира податоци за вас во врска со нашиот интернет настап и да поврзува со Вас  меморирани податоци за членувањето, морате да се одјавите пред да го посетите нашиот интернет настап на  Facebook.

2.9 Употреба на Google Analytics
Оваа веб-страница користи Google Analytics,  служба за веб-анализа при Google Inc. („Google“). Google Analytics употребува т.н. „колачиња“, текстуални датотеки, кои се складирани во Вашиот компјутер и коишто Ви овозможуваат анализа на користењето на веб-страницата. Информациите генерирани од страна на колачињата во врска со Вашето користење на оваа бев-страница обично се пренесуваат до серверот на Google во САДи таму се зачувуваат. Во случај на активирање на анонимизација на IP-адресата на оваа веб-страница, Вашата IP-адреса претходно ќе биде скратена во земјите членки на ЕУ или во други земји потписнички на Договорот за европска економска соработка.    Само во исклучителни случаи полната IP-адреса ќе биде испратена до некој сервер на Google во САД и таму ќе биде скратена. По наш налог, Google ќе ги искористи овие информации за да го оцени твоето користење на веб-страницата, за да состави извештаи за активностите на веб-страницата и на провајдерот на веб-страницата да му обезбеди други услуги што се поврзани со користењето на веб-страницата и на интернетот. IP-адресата што Google Aanalytics ќе ја дознае од Вашиот пребарувач, нема да се наведува заедно со другите податоци. Меморизирањето на колачињата можете да го спречите со соодветно подесување на Вашиот пребарувачки софтвер.  Меѓутоа, сакаме да истакнеме дека во овој случај нема да можете во потполност да ги користите сите функции на нашата веб-страница. Исто така, можете да го спречите генерирањето на податоците креирани од колачињата и од Вашето користење на веб-страницата (вклучително вашата IP-адреса), како и обработката на овие податоци од страна на Google, така што ќе ја симнете и ќе ја инсталирате расположливата приклучна пребарувачка единица. 

Треба да се напомене дека оваа веб-страница Google Analytics ја користи со суфиксот „_anonymizeIp()“ и поради тоа IP-адресите се доработуваат само скратено, со цел да се исклучи директното поврзување со лицето.


3. Место на обработка на податоците

Со веб-серверот на New Yorker управува процесорот на податоците во Германија.


4. Малолетни лица

Ако сте помлад од 18 години, со оваа веб-страница можете да се служите само со одобрение од родителите или од законскиот старател. Заштитата на личните податоци на децата ја сметаме за исклучително важна. Затоа намерно не преземаме податоци од малолетни лица, освен ако за тоа не добиеме согласност од родителите или законскиот старател. Доколку видиме дека некое малолетно лице самото ги доставило своите лични податоци, без неопходната согласност, или ако некој доставил лични податоци за малолетно лице, тие податоци ги бришеме од базата.


5. Сигурност на податоците

New Yorker ги презема сите мерки за да го спречи губењето или фалсификувањето на Вашите лични податоци, и за да го оневозможи пристапот на неовластени трети лица до овие податоци. Ако Вашите лични податоци ги испратите по електронски пат до нашата веб-страница, Вашите податоци преку интернет ќе се префрлат на нашиот компјутер за зачувување на податоците, и тоа во шифриран облик, преку сигурна врска (SSL). Ви напоменуваме дека по електронска пошта податоците обично не се пренесуваат во шифриран облик.

Исто така, сакаме да нагласиме дека постојната технологија не може да гарантира апсолутна сигурност на преносот на податоците преку интернет. Други интернет корисници може да имаат технички капацитети со чија помош можат неовластено да ја загрозат безбедноста на поединечни страници и да управуваат со текот на информациите.


6. Прашања

Доколку имате прашања или Ви се потребни дополнителни информации во врска со нашата изјава за заштитата на податоците и обработката на Вашите лични податоци, обратете се до нашиот претставник за заштита на податоците на адреса:

New Yorker
Импресум
Лице овластено за заштита на податоците
И-меил: info-datenschutz@newyorker.de


7. Право на приговор според Германскиот закон за заштита на податоците (BDSG).

Се разбира, Вие можете во секое време да дадете приговор за користењето или обработката на Вашите податоци за рекламни цели, без да имате дополнителни трошоци за посредување, според основната тарифа. Освен тоа, постои и право на информација, а под одредени услови и право на исправка, блокирање и бришење на податоците кои се меморизирани во некоја од нашите датотеки. Ве молиме, обратете се до нашето лице кое е одговорно за заштита на податоците доколку сакате да го искористите правото на приговор според Германскиот закон.

New Yorker
Импресум
Лице овластено за заштита на податоците
И-меил: info-datenschutz@newyorker.de

По добивањето на Вашиот приговор, дотичните податоци повеќе нема да бидат чувани, меморизирани, обработувани и пренесувани за други цели освен за процесуирање на Вашите нарачки.

Како дел од натамошниот развој на интернетот, New Yorker тековно ќе ги проспособува своите упатства за приватност. Променте ќе бидат правовремено објавувани на оваа веб-страница. Затоа, треба редовно да ја посетувате оваа страница, со цел да се информирате за актуелната состојба на упатствата за заштита на податоците.